БАРСА ТРГНА СО ОФАНЗИВАТА, ДО КАДЕ ЌЕ ОДИ?
Објавено на: 04.07.2023
Ние не сме клуб што продава, изјави неодамна претседателот Лапорта, кој се произнесе дека стигнале понуди на негова адреса за многу фудбалери на Барселона, за летни трансфери.
Виктор Роке е новото име во Барселона. Бразилецот кој е роден 2005-та година, доаѓа од Атлетико Параненсе. Се смета за еден од носителите на играта на бразилската селекција, во блиска иднина.

Договорот е потпишан од јануари 2024-та година. Документите се средени, останува уште играчот да има трпение пред доаѓањето во каталонската престолнина и настапите во составот на Барселона.
Се врти ли Барселона кон квалитетна стратегија за создавање тим за повеќе години?