Фудбал

СПРЕЧЕНО НОВО „НЕЈМАР“ СЦЕНАРИО

Шпекулациите кои се појавија во текот на летниот преоден рок дека ќе се урива светскиот рекорд за еден транфер, изгледа биле делумно точни.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека клубот одбил да го повтори сценариото со Нејмар кој во 2017 година потпиша за ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Имено, Светците сакале да го урнат сопствениот рекорд, односно понудиле 250 милиони евра за Ламин Јамал, што е четвртина од клаузулата на младиот шпански офанзивец која изнесува една милијарда евра.

Лапорта експресно ја одбил понудата првично бидејќи Јамал не планирал да го напушти каталонскиот гигант ниту летово, а ниту ќе го стори тоа во блиска иднина.

„Сите наши играчи имаат клаузули. Доколку некој клуб плати клаузула и играчот сака да си замине, нема да му стоиме на патот. Што се однесува до Јамал, тој не се гледа во друг клуб освен Барселона“, кратко и јасно посочи Лапорта.