Фудбал

ОБЈАВЕН ДАТУМОТ НА КОЈ РОНАЛДИЊО ПОВТОРНО ЌЕ ЗАИГРА НА ОФИЦИЈАЛЕН МЕЧ

Сега е и официјално потврдено, бразилската фудбалска легенда Роналдињо после 11 години пауза, повторно ќе настапи на официјален натпревар и тоа во третата италијанска лига.

Роналдињо кој има 46 години, летоска потпиша за Равена, а дебито за тимот од Серија Ц ќе го има против Форли на 15 ноември. Во Равена се надеваат дека некогаш најдобриот фудбалер на светот ќе постигне гол и последниот погодок во кариерата ќе му биде во нивниот дрес.