Фудбал

АПЕЛ ДО ФИФА: ОТКАЖЕТЕ ГО СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО!

Уште во првото тромесечје од сезоната 2024/24 забележуваме огромен број на повреди кај фудбалерите, и тоа сериозни поради кои повеќето ќе го пропуштат остатокот од сезоната. Натпревари се играат на секои два до три дена, а дополнителен напор се и репрезентативните обврски.

На сето тоа, ФИФА го обнови форматот на Светско клупско првенство кое во јули 2025 година ќе се одржи во САД како загревање за Мундијалот во 2026 година. Ќе се игра групна фаза меѓу 32 екипи од целиот свет, а освојувачот ќе се знае по стандардниот тек преку нокаут-рунди.

Сепак, многу фудбалски работници апелираат ова натпреварување да се откаже, а еден од нив е Хавиер Тебас, првиот човек на шпанскиот фудбал.

„Господине Инфантино, ве замолувам додека има време – откажете го Светското клупско првенство! Ниту успеавте да ги продадете ТВ-правата како што планиравте, ниту привлековте спонзори како што беше најавено. Никој не сака овој турнир да се одржи, а најмалку фудбалерите. Овој турнир ќе создаде уште повеќе проблеми, ништо друго“, испрати порака Тебас со претседаталот на ФИФА, Џани Инфантино.