Фудбал

КОРНЕР СТРАТЕГИЈАТА НА СИТИ Е НЕФЕР?

Манчестер Сити спаси два бода попладнево на Молињу против Волверхемтпон, благодарение на лукавоста на Бернардо Силва или на нефер корнер стратегијата на Пеп Гвардиола?

Во 95 минута, Сити успеа да стигне со сите 3 бода со голот на Џон Стоунс, но дамка на победата ќе „фрли“ дискутабилниот момент на Бернардо Силва и неговото маркирање на голманот на Волвс.

Имено, тој постојано стоеше пред голманот Са, а откако Џон Стоунс беше највисок и ја смести топката во мрежата, судијата и VAR тимот разгледуваа можен офсајф на Бернардо Силва.

Можеби за некого на крајот голот е чист како солза, за некого не е, но спорна е стратегијата на граѓаните, кои со Поругалецот му сметаа на неговиот сонародник на голот на домаќините.

Меѓу другото, да го издвоиме и овој момент во кој Грилиш му покажува на судијата дека Бернардо е премногу низок за да му смета на голманот.