И ОФИЦИЈАЛНО: ЧАВИ ОСТАНУВА ТРЕНЕР НА БАРСЕЛОНА!
Објавено на: 25.04.2024
Барселона одлучи да го прифати премислувањето на Чави Ернандес да остане тренер на првиот тим, иако каталонскиот стратег на средина од актуелната сезона го најави своето заминува една година пред истекот на договорот.
Откако Чави реши да замине, тимот заигра подобро, се наредија позитивни резултати и покрај елиминацијата од ЛШ и шпанскиот Куп, како и загубената титула во Ла Лига. Фудбалерите, стручниот штаб и управата на чело со претседателот Лапорта, имаат доверба во Чави дека е вистинскиот човек за работата.
„Не е во прашање парите или его, одлучив да останам бидејќи сите во клубот веруваат во мене и моите способности. Од играчи до членови на одборот, сите ми ја дадоа довербата да продолжам да го водам овој победнички проект. Отсекогаш сум се трудел да работам најдобро што можам за Барса, така ќе продолжам и во иднина“, истакна Чави.
Договорот му важи до јуни 2025 година, а во неговата трета сезона како тренер на Барселона, во зависност успехот и резултатите, ќе се одлучува дали Чави ќе добие нов договор.