ЧАБИ АЛОНСО ПРОДОЛЖУВА СО ЗАСИЛУВАЊА ВО ЧЕЛСИ
Објавено на: 25.06.2026
Челси продолжува со реконструкцијата на тимот под водство на Чаби Алонсо, а следна цел на лондонскиот клуб е засилување на одбраната.
Откако веќе го договорија Палестра од Аталанта за сума од 60 милиони евра, според најновите информации на трансфер експертот Фабрицио Романо, најголема желба на шпанскиот стратег е дефанзивецот на Кристал Палас, Максенс Лакроа.
Францускиот репрезентативец зад себе има одлична сезона во Премиер лигата и со своите настапи привлече внимание од неколку европски гиганти, но Челси во моментов е најконкретен.
Алонсо сака целосно да ја реконструира последната линија и да изгради одбрана која ќе одговара на неговата омилена формација 3-4-2-1.
Лакроа пристигна во Кристал Палас за околу 15 милиони фунти, а денес неговата вредност се проценува на околу 40 милиони фунти. Со своите настапи избори место и во репрезентацијата на Франција за Светското првенство.
Доколку не успеат да го ангажираат, резервна опција за Челси е младиот шпански стопер Хакобо Рамон, кој моментално настапува за Комо.
Во исто време, неколку дефанзивци би можеле да го напуштат Стемфорд Бриџ. Според истите извори, Трево Чалоба е блиску до трансфер во Италија, каде интерес покажуваат Комо и Интер.
Летниот преоден рок би можел да донесе уште поголеми промени во Челси, бидејќи неизвесна останува и иднината на капитенот Енцо Фернандез, за кого повторно се појавуваат шпекулации дека би можел да ја промени средината.
Очигледно е дека Чаби Алонсо сака што побрзо да го формира тимот по своја мерка, а засилувањето на одбраната е еден од неговите главни приоритети пред новата сезона.