ГОСПОДИНОТ АЛОНСО ПОТРОШИЛ НАД 60.000 ЕВРА ЗА ПОДАРОЦИ ЗА НЕГОВИОТ СТРУЧЕН ШТАБ
Објавено на: 17.12.2024
Чаби Алонсо уште еднаш покажа дека е голем човек пред сѐ, покрај тоа што е врвен тренер, по последниот гест што го направи за својот стручен штаб во Леверкузен.
Шпанскиот стратег платил повеќе од 60.000 евра за реплики од титулата од Бундеслигата, кои ги подарил на сите тренери со кои соработува во првиот тим на Фармацевтите. Поточно изработени се 11 реплики од титулата кои завршија кај тренерите на Леверкузен во знак на благодарност од страна на Чаби.
Bayer Leverkusen coach Xabi Alonso has reportedly spent between €60,000 and €70,000 on replicas of the Bundesliga trophy for his entire coaching team 👉 https://t.co/bvb2Sr7oYu. #B04 #Bundesliga
— Bulinews.com – Bundesliga News (@bulinewsdotcom) December 17, 2024
За изненадувањето кое го подготвувал Алонсо знаел само спортскиот директор на клубот, Симон Ролфес.
„Овој фантастичен гест е уште еден доказ за човечноста на Чаби и за каков тренер станува збор. Колкава е почитта во стручниот штаб, длабочината во нивната соработка“, истакна Ролфес.
За потсетување, ланската сезона во Бундеслигата беше историска за Леверкузен, првата титула беше освоена без пораз, односно тимот стигна до двојна круна заедно со трофејот од Купот на Германија.