РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПРОМЕНА ВО НБА: ОЛ-СТАР ТУРНИР, НАМЕСТО ЕДЕН НАТПРЕВАР
Објавено на: 18.12.2024
Ол-стар викендот оваа сезона ќе се одржи во Сан Фанциско, со тоа што на 16 февруари е предвидено да се одигра Ол-стар натпреварот, или барем така беше планот. НБА и Асоцијацијата на играчи одлучија да воведат еволуционерна промена, а наместо еден натпревар, ќе се одржи Ол-Стар турнир.
Ќе се состават четири екипи од по осум играчи, кои ќе ги одмерат силите во полуфинални средби, а победниците ќе играат во големото финале. Победникот ќе се одлучи според тоа кој тим прв ќе постигне 40 поени, како во полуфиналињата, така и во финалето.
Веќе имаше поплаки по оваа голема промена на форматот, Кевин Дурант без влакна на јазикот прокоментира дека новиот формат е „ср*ње“ и дека лигата треба да го врати форматот Запад против Исток, кога ростерите се исполнуваа со најдобрите играчи од двете конференции во тековната сезона.