ЛЕТОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ВЛЕЗ ОД ХОТЕЛ ВО МОСКВА
Објавено на: 17.12.2024
Летонскиот кошаркар Јанис Тима, добро познат на љубителите на европската кошарка, доцна во ноќта бил пронајден мртов во влез од хотел во Москва.
Според првичните информации станува збор за самоубиство, откако полицијата не нашла траги од насилство според досегашниот тек на истрагата. Како што пишуваат локалните медиуми, Тима во својот телефон оставил порака „Јавете ѝ се на Ана“, алудирајќи на неговата поранешна сопруга, Ана Седокова.
Тима наводно бил во депресија по разделбата со поранешната сопруга, што може да се семе во предвид како резултат за одземањето на животот.
Јанис со Летонија настапи на две европски првенства, додека на клупски план играше за познати екипи како Зенит, Басконија, Олимпијакос, Химки, Уникс Казан, Дарушафака, а кратко се проба и во НБА, успевајќи да запише неколку настапи за Орландо меџик во летната лига на НБА, како и за развојниот тим на франшизата од Флорида.