Кошарка

Х-ФАКТОРОТ КОЈ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ?

Кошаркарите на Бостон Селтикс поведоа во финалето против Голден Стејт Вориорс со 0:1, по гостинскиот триумф со 108:120 во обидот да го освојат 18-тиот пехар што повторно ќе биде рекорд во НБА лигата (Лејкерс – 17).

Ако се очекуваше Џејсон Тејтум да биде лидерот на Селтикс, тимот од Бостон покажа дека има длабочина и докажа дека кошарката нуди несекојдневни и возбудливи нешта. Икс-факторот на овој меч беше Ал Хорфорд.

Ветеранот (36) кој одигра најмногу плеј-оф натпревари (141) во историјата на НБА лигата без пласман во финалето, се разгоропади во првиот меч и постигна 26 поени со неколку клучни шутеви, особено за три.

Одличниот шут за тројка беше пресуден во враќањето во последната четвртина (16:40), Бостон погоди 21-на тројка од кои Смарт, Хорфорд и Вајт погодија 15/23. Кој е сега вашиот фаворит за триумф во НБА финалето?