Кошарка

ФОРБС ГО ПРОГЛАСИ: ЛЕБРОН Е КРАЛОТ

Леброн Џејмс е единствениот и првиот активен спортист, кој станал билионер. Тој тежи една милијарда американски долари. Мајкл Џордан и покојниот Коби Брајант станаа билионери откако се пензионираа.

Мајкл Џордан се уште прави пари како машина за печатење, преку неговиот подбренд Ер-Џордан кој е дел од Најки, но и преку останатите бизнис-инвестиции кои ги направи по завршувањето со кошарката.

Играчот на Лејкерс стана билионер претходно, минатата година, но неговото богатство од преку една милијарда долари, кога ќе се одбијат давачките и даноците, беше околу 850 милиони зелени банкноти.

Сепак, вкупната финансиска вредност на Мајкл Џордан е далеку поголема од онаа на Леброн Џејмс. Ем Џеј има вкупно 1.6 милијарди долари на сметката, што го прави најбогатиот спортист на сите времиња.

Повеќе пари од него има само фудбалерот Фаик Џефри Болкиах, кој е член на кралското семејство на Брунеи. Парите што ги има се од неговата фамилија, околу 20.12 билиони американски долари.