Фудбал

КОГА ПОГБА ЌЕ ГО ОДБЕРЕ ВИСТИНСКИОТ КЛУБ?

Пол Погба ќе се пресели во Јувентус, односно ќе се врати во редовите на Старата дама. Но, дали тоа во моментов е вистинскиот потег за францускиот интернационалец, кој веќе еднаш играше во Италија?

Неговата професионална кариера почна во Манчестер Јунајтед, за во 2012-та да премине бесплатно во Јувентус, каде остана до 2016-та година. Титулите во калчото беа загарантирани, но во Европа не.

По враќањето во Манчестер, повторно остана без голем пехар. Освои три со Мурињо на клупата, но му недостасуваат Премиерлигата и ЛШ. Со репрезентацијата на Франција ја освои титулата на СП 2018-та.

Дали е време, Пол Погба, кој има 29 години и веќе влегува во зрелоста кога треба да освојува се што се нуди на големата сцена, да потпише договор кој ќе му обезбеди услови за такво нешто? Јуве, или не?