КРАТКО ИНТРО ШТО ЌЕ СЕ ГЛЕДА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА ОД СЛЕДНАТА СЕЗОНА (ВИДЕО)
Објавено на: 05.12.2024
Вилијан Естевао со бравура од слободен удар ноќеска донесе значајни три бода за Палмеирас во последната минута од регуларните 90 на гостувањето кај Крузеиро.
Фантастично изведен слободен удар од околу 25 метри за конечни 2-1 во режија на супер-талентираниот Бразилец, кој за Естевао беше 13-ти гол сезонава и е втор најдобар стрелец во бразилската Серија А на само 17 години.
Вакви магични потези ќе се гледаат во Премиер лигата од следната сезона, знаејќи дека неговиот трансфер во Челси е комплетиран и се чека да стане полнолетен за да се пресели на Островот.
Willian Estevão. 💫
— TheSecretScout (@TheSecretScout_) December 5, 2024