Фудбал

ФЛИК ОТПИША ДВАЈЦА ИГРАЧИ

Ханси Флик во текот на јануарскиот преоден рок ќе го чисти ростерот од непотребни играчи, кои посекако изразија желба да заминат доколку не добијат поголема минутажа.

Ансу Фати и Ерик Гарсија ќе ја почнат 2025 година ставени на трансфер листа и ќе чекаат понуди од заинтересирани клубови за да си ги оживеат кариерите, со оглед на тоа дека Флик не ги користи доволно.

Имено, тие двајца се побуниле кај германскиот стратег дека сакаат да играат повеќе, за што добиле одговор дека нивниот статус нема да се смени во вториот дел од сезоната, па ако не се задоволни, клубот нема намера да ги задржува со сила.

Фати и Гарсија беа на излезна врата уште минатото лето, но добро се покажаа во летните подготовки по што Флик им даде шанса да останат во клубот. Сепак, Германецот ретко ги користи во важните натпревари па затоа и двајцата редовно ја греат клупата за резерви.