Ракомет

ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ НА ЕХФ

Поранешната македонска репрезентативка и aктуелна предводничка на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ, влегува во ракометната Куќа на славните, објави ЕХФ.

На листата од 21 ракометни работници кои ќе влезат меѓу легендите на овој спорт, се најде и Кастратовиќ, што е голема чест за неа и македонскиот ракомет.

Моментите од нејзината кариера кои најмногу се паметат се освојувањето на евроската титула со Кометал Ѓорче Петров, успех за кој Индира беше една од предвоничките на екипата, но и признанието за најдобар стрелец на Светското првенство во 1997 година до кое Кастратовиќ стигна со 71 постигнат гол во македонскиот дрес.

Покрај Кастратовиќ, во Куќата на славните ќе влезат и Иван Чупиќ, поранешното крило на Вардар, Никола Карабатиќ, Микел Хансен…