ВО ХРВАТСКА ЖИВЕАТ ГОСПОДА, ВО АРГЕНТИНА ХУЛИГАНИ
Објавено на: 10.12.2022
По натпреварот меѓу Холандија и Аргентина, во кој аргентинските фудбалери победија на пенали и се пласираа во 1/2 финалето на светското фудбалско првенство, се одигра и четврто полувреме.
По последниот пенал, големиот Меси се упати кон клупата на холандската селекција во конфронтација со далеку повозрасниот господин Луис Ван Гал, селекторот на лалињата:

Среќа негова што Едгар Давидс не е веќе фудбалер, што игра во ерата на меки дефанзивци. Од друга страна, пак, Лука Модриќ не ни славеше со своите, туку тргна да ги теши противниците:

Комплетната репрезентација на Аргентина си го покажа вистинското лице, кога беше постигнат последниот гол во пенал-рулетот:

Ова не им беше доволно, па продолжија со безобразното однесување и во подтрибинскиот простор. Меси, среде интервју прати некого некаде („Идиот, што ме гледаш, иди у пи*ку материну“):
Cuando miran a tu chica 🤣 pic.twitter.com/ROcBWds3Mv
— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) December 9, 2022
Голманот Мартинез го испоизнавреди судијата и кажа дека судел за Холандија и дека е бескорисен за понатаму, а му порача на Ван Гал да си ја држи муцката затворена алудирајќи на најавите на хиландскиот селектор пред мечот, дека холандската селекција има предност ако дојде до изведување на пенали.
Emi Martinez is BOX OFFICE. 😂#ARG | #FIFAWorldCup pic.twitter.com/H2RDo28j5M
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) December 10, 2022
На сето ова, Кун Агуеро уште и стави емотикон „смеење со солзи“. Којзнае, можеби навистина има таму некаде некаква сила, која гледа се и решава според тоа што ќе го види…