Фудбал

ЏОРЏИНА СО КРИТИКА ДО СЕЛЕКТОРОТ САНТОШ

Португалија загуби од Мароко и со тоа заврши сонот за Светското злато, но лавината од реакции штотуку започна.

Во португалските медиуми се бара виновникот, но се чини дека сопругата на Роналдо, Џорџина Родригез, го најде во селекторот.

На Инстаграм објави стори во кое напиша:

Денес твојот пријател и селекторот направи погрешен избор. Не може да го потценуваш најдобриот играч во светот, бидејќи така ти го имаш најмоќното оружје на теренот. Од неговото влегување виде дека се промени се. Денес не загубивме, туку научивме нова лекција Кристијано.

 

Дали Џорџина е во право?