Фудбал

ВИНИЦИУС И ХAЛАНД СЕ МАШИНИ

Двата фудбалера кои може следната сезона да заиграат заедно во редовите на Кралскиот клуб, покажуваат дека вредат за секој денар потрошен за нив. Нивните имиња се Винициус и Eрлинг Хaланд.

Актуелниот фудбалер на Реал Мадрид е инволвиран во 17 акции за гол на 18 натпревари колку што има одиграно сезонава во белиот дрес. Анчелоти за него вели дека напредува на секој нареден меч.

Фудбалерот кој настапува за Борусија Дортмунд, е најмладиот до 50 одиграни настапи и со 50 постигнати гола во германската Бундеслига. Eрлинг Хaланд е незапирлив и сака да премине во Мадрид.