ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ ЛИ ЕДЕН ОД ДВАТА ПОСЛЕДНИ ЕВРОПСКИ ШАМПИОНА?
Објавено на: 27.11.2021
Ждрепката за пласман на следниот фудбалски мундијал, беше во најмала рака кажано – немилосрдна. Во иста патека која води во групите на големиот собир, се најдоа двата последни континентални владетела, кои за евентуално место на СП 2022 ќе мора да се соочат меѓу себе.
Има и по еден друг проблем за двете силни репрезентации – тоа се Македонија и Турција. Ние играме со Италијанците, додека Турците ќе се соочат со Португалците. Судбината сакаше да се најдеме во најтешката група, од трите од кои само победникот ќе патува за Катар.

Со Италијанците имаме скор 1:1 од пресметката кај нив и 2:3 од дуелот кај нас, се соочивме во квалификациските натпревари за претходното СП. Ќе преживее ли сега еден од двата последни европски шампиона, или ќе гледаме нова приказна која ќе се раскажува со поколенија?