Кошарка

(ВИДЕО) ЈОКИЌ НЕ Е ОД ОВАА ПЛАНЕТА

Српскиот интернационалец го воодушевува спортскиот свет со секој нареден потег, а оваа асистенција предизвика бура кај љубителите на кошарката, кои едноставно не можат да ги смират реакциите по новото додавање од „бекот заробен во тело на центар“:

Дел од јавноста во САД шпекулира дека Никола Јокиќ е доказ за евентуална доминација на Лери Бирд, кој кога би играл во денешно време, би бил најдобар поединец во лигата. Шекил О’Нил веќе се заљуби во магијата на српскиот центар. Други познавачи на кошарката, исто така очекуваат, тој во скоро време да завладее со НБА.

До каде се границите на Никола Јокиќ? Има ли воопшто лимит неговиот потенцијал?