ПОГОДЕТЕ СО КОЈ ГОЛ АНЧЕЛОТИ МУ КАЖА „БЛАГОДАРАМ“ НА БЕЈЛ?
Објавено на: 10.01.2023
Италијанскиот стратег е тренерот кој единствен во својата колекција има титули во сите 5 најсилни национални првенства на Европа – Италија со Милан, Шпанија со Реал, Англија со Челси, Германија со Баерн Минхен и во Франција со ПСЖ.
Unforgettable… Thank you @GarethBale11 pic.twitter.com/fChNsJPWf5
— Carlo Ancelotti (@MrAncelotti) January 9, 2023
Дон Карло Анчелоти има четири титули во Лигата на шампионите, по две со Реал Мадрид и со Милан. Но, од трофеите кои го освои заедно со Герет Бејл, она што го асоцира на велшкиот џин, е погодокот во финалето на Копа дел Реј против Барселона (2:1):
Анчелоти и Бејл триумфираа и во легендарното финале на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во 2014-та година, за „Ла Децима“ по изедначувачкиот гол на Рамос за 1:1 во 90+3 минута, а потоа и со головите на Бејл, Марсело и Роналдо за конечните 4:1.