Фудбал

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ УПАЃА ВО 1.000 ДОМОВИ ПОРАДИ ИЛЕГАЛНО СТРИМАЊЕ ПРЕМИЕРЛИГА

Британскиот медиум Мирор јавува дека во Англија се пронајдени и потврдени голем број индивидуални домови, во кои се гледало фудбал нелегално, преку стриминг каналите на Интернет.

Стримањето се случувало во преку 1.000 куќи, за кои англиската полиција наводно има цврсти докази и во следниот период ќе „влегува“ во секоја од нив, со цел да се справи со овој криминал.

По влегувањето на Амазон како еден од провајдерите за натпреварите на Премиерлигата, цената на мечевите од најквалитетната фудбалска лига скокна од 540 на 700 фунти годишно, односно по 20 фунти од натпревар ако се подели оваа сума со 38 кола.