ПОТЕГ ЗА ЗЕМЈОТРЕС ВО Ф1? ВЕРСТАПЕН ОД РЕД БУЛ СЕ СЕЛИ ВО МЕРЦЕДЕС
Објавено на: 02.07.2025
Одделот за мотоспортови на италијанскиот „Скај“, објави ексклузива која дефинитивно ќе предизвика земјотрес во Формула 1. Макс Верстапен е во конкретни преговори со Мерцедес да биде нивен прв возач за шампионатот во 2026 година.
Во пресрет на британското Гран при, преговорите наводно се зацврстиле, а Верстапен е отворен кон идејата да прифати нов предизвик иако има важечки договор со Ред Бул до 2028 година. Со оглед на тоа дека има 27 години и не планира да биде дел од Ф1 вво 30-тите години од животот, Макс по сите изгледи ќе го смени тимот пред конечно да се прости од најбрзиот мото циркус во светот и да си го исполни сонот да се натпреварува на Ле Ман.
Холанѓанецот е актуелен бранител на светската титула и четирикратен светски шампион со Ред Бул, но оваа сезона има само две победи од вкупно 11 трки, недоволно добри резултати кои дополнително може да му влијаат врз одлуката да се приклучи на ривалот на неговиот моментален тим.