Фудбал

И ТОА ДОЧЕКАВМЕ: ВО КИНА СЕ ИГРА ФУДБАЛСКА ЛИГА НА РОБОТИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (ВИДЕО)

„Бустер роботикс“ кинеската технолошка компанија покрена фудбалска лига во Пекинг со автономни роботи кои се контролираат сами со помош на софтвер на вештачка интелигенција.

Иако овој технолошки чекор на Кинезите е од огромен значај за роботиката и инжењерството, мора да се анализира и од спортски аспект бидејќи основачот на компанијата која ги произведува роботите-фудбалери, тврди дека во иднина овие ВИ хуманоидни роботи ќе им пркосат на вистинските професионалци и фудбалски ѕвезди.

„Се одлучивме за овој потег од две причини – првата е да им овозможиме на младите инжењери во пракса да ги применат своите вештини во роботиката, а втората е за да покажеме дека со помош на ВИ роботите можат самостојно да се движат и да одлучат какви чекори и потези да направат во одредена ситуација, конретно во фудбалот во овој случај“, истакна Ченг Хао, основачот на „Бустер Роботикс“.

Ченг исто така напомена дека ова е само почеток, односно дека во иднина технологијата ќе биде толку унапредена, што би претставувала спортска закана за фудбалот каков што го знаеме.