Тенис

НЕВЕРОЈАТНО ПРВО КОЛО НА ВИМБЛДОН: ЧЕТВОРИЦА ТЕНИСЕРИ ОД ТОП 10 СЕ ЕЛИМИНИРАНИ

Овој Вимблдон ќе се памети по повеќе работи иако помина само едно коло од британскиот гренслем. По првите два дена, дури четворица тенисери од топ 10 АТП листата се елиминирани, а меѓу нив е и третиот носител Александер Зверев.

Германецот загуби од Риндеркнех со 3-2 во сетови, по него и Мусети како седми носител на гренслемот претрпе елиминација од Басилашвили со 3-1 во сетови. Руне прокоцка предност од 2-0 во сетови и му дозволи на Јари со неверојатен пресврт да се пласира во следното коло, додека Медведев како деветти носител беше шокиран од Бонзи во првиот ден.

Вкупно 13 од првите 32 носители на турнирот ги завршија настапите по првото коло, а меѓу нив се познати имиња како Беретини и Циципас.

Памети ли некој кога последен пат се случил ваков егзодус во првото коло на Вимблдон?