Мотоспорт

ВЕРСТАПЕН ГО МЕНУВА РЕД БУЛ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТНАТА ПАУЗА?

Макс Верстапен би можел да ја напушти екипата на Ред Бул уште ова лето, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис сè почесто се споменува Мекларен.

Иако холандскиот шампион има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, во него постои излезна клаузула која може да му овозможи предвремен заминување. По проблемите со болидот на Силверстоун и трката без освоени бодови, Верстапен веќе математички не може да биде меѓу првите двајца возачи во генералниот пласман пред летната пауза, со што се исполнува еден од условите за активирање на клаузулата.

Според информации од падокот, разговорите меѓу тимот на Верстапен и Мекларен се во напредна фаза, иако извршниот директор Зак Браун јавно тврди дека двата болиди веќе имаат свои возачи.

Ред Бул, пак, безуспешно се обидел да добие гаранции дека Холанѓанецот ќе остане и во 2027 година. На неодамнешната средба во Австрија, раководството дури се обидело да ја отстрани излезната клаузула од договорот, но Верстапен не прифатил.

Дополнителен проблем е нарушената доверба. Во Ред Бул сметаат дека на Верстапен му овозможиле сè: статус на прв возач и еден од највисоките договори во Формула 1. Од друга страна, според британските медиуми, неговиот табор веќе не е убеден во насоката во која се движи тимот по промените во раководството и заминувањето на неколку клучни луѓе.

Доколку навистина се пресели во Мекларен, најверојатно ќе го замени Оскар Пјастри, иако Австралиецот неодамна изјави дека е задоволен во тимот и дека има целосна доверба од раководството.

Макс е возач каков што е и нормално е да ги разгледува опциите. Јас сум среќен во Мекларен, ми кажаа дека се задоволни од мене и им верувам.

Иако засега нема официјална потврда, можноста четирикратниот светски шампион да го напушти Ред Бул станува сè пореална, а евентуалниот трансфер би бил еден од најголемите во историјата на Формула 1.