Фудбал

НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА: САМО ДАНИЛО СЕ КАЧИ ВО АВИОНОТ ЗА БРАЗИЛ

Елиминацијата на Бразил од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство не донесе само разочарување кај навивачите, туку и необична сцена по завршувањето на турнирот.

Според бразилските и британските медиуми, во официјалниот авион на репрезентацијата што полетал кон Рио де Жанеиро се качил само еден фудбалер, Данило, член на Фламенго. Со него патувале само дел од медицинскиот персонал, обезбедувањето и третиот голман Лео Нанети.

Останатите репрезентативци заминале директно на одмор или кон своите клубови. Нејмар отпатувал во Орландо со семејството, Винисиус Жуниор се упатил кон Ибица, додека Ендрик останал во Њу Џерси. Селекторот Карло Анчелоти, пак, заминал во Ванкувер.

Ваквата слика не е целосно неочекувана ако се знае дека огромното мнозинство од бразилските репрезентативци настапуваат во Европа. Освен Данило, кој игра за Фламенго, речиси сите останати членови на селекцијата имаат договори со европски клубови, па по завршувањето на настапот на Мундијалот се упатија директно кон своите приватни дестинации или местата каде ќе ги започнат подготовките за новата сезона.

Бразилците ќе се соберат повторно дури во септември, кога ги очекуваат новите натпревари за репрезентацијата. До тогаш, секој ќе работи индивидуално, а Анчелоти ќе се обиде да извлече поуки од едно од најголемите разочарувања на Бразил во последните децении.