ВАРДАР ГИ ОДРЕДИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ЗА ХУМАНИТАРНИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ Ц. ЗВЕЗДА
Објавено на: 24.03.2025
Набрзо по трагичната несреќа која се случи минатиот викенд во Кочани, каде 59 луѓе меѓу кои и малолетници ги загубија животите, а има и над 150 повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“, фудбалските клубови Вардар и Црвена звезда договорија да се одигра хуманитарен натпревар во чест на жртвите. Од таборот на Црвено-црните денес ги одредија цените на билетите за натпреварот кој ќе се одигра на 16 април на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
За Северна и Јужна трибина билетите чинат 200 денари, додека за Исток и Запад по 100 денари. Сите средства собрани од натпреварот ќе се донираат на семејствата како финансиска испомош во овие тешки мигови.
Од клубот исто така потврдија дека вратите ширум ќе бидат отворени за бесплатен влез на учениците од основните училишта од Кочани.