Фудбал

АРГЕНТИНЦИТЕ ОТСЕКОГАШ БИЛЕ ПОСЕБНА СОРТА НА НАВИВАЧИ (ВИДЕО)

Навивачите на Ривер плате приредија фантастична атмосфера во пресрет на реванш дуелот против Атлетико Минеиро во полуфиналето на Копа Либертадорес.

Од сите страни на трибините се испукаа огномети и краток период имаше смог, но еуфоријата на навивачите не се префрли на фудбалерите, па по мечот без голови значеше дека Атлетико ќе игра во големото финале, откако првиот дуел го добија со 3-0.

Противникот во финалето ќе се знае по реваншот меѓу Пењарол и Ботафого, а по сите изгледи ќе се игра бразилско финале бидејќи Ботафого има предност од 5-0 од првиот меч.