Останато

ВАЛВЕРДЕ Е СРЕЌЕН ШТО НЕ ИЗЛЕТА ДАЛЕКУ, ПА ПРЕЖИВЕА

Велосипедистот на Мовистар се повлече од престижната Вуелта, откако излета од патеката во рамките на 7-та етапа, која ја почна како четвртопласиран во генералниот пласман.

Алехандро Валверде доживеа сериозно излетување од патеката, се лизгаше од внатрешната страна на свиокот кон банкините, но за негова среќа не „одлета“ далеку:

Официјално, тој удрил во дупка на асфалтот и поради фрактура на клучната коска, тука ја завршува годинешната трка околу Шпанија, една од трите најголеми на денешницата, заедно со Тур Де Франс и Џиро Д’Италиа.