Мотоспорт

ПОРАНЕШНИОТ Ф1 ВОЗАЧ СЛАВЕШЕ ВО ДРАМАТА НА 24 ЛЕ МАН

Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез победија во болидот на Тојота 7, пред колегите од тимот Тојота 8 (Буеми, Хартли и Накаџима кои се радуваа минатата година), на годинешното издание на најпрестижната ендјуранс трка во историјата на автомобилизмот.

Ова беше 4-та редоследна победа за Тојота, која го дели 6-то место на вечната листа кај конструкторите со Алфа Ромео и Форд. На врвот е Порше со 19 победи од кои последната беше извојувана во 2017-та година, пред првиот триумф во актуелната серија на Тојота.