Мотоспорт

УШТЕ ЕДЕН ПРОБЛЕМ ЗА ХАМИЛТОН – ФЕРСТАПЕН ГО СТИГНА СПОРЕД ЗАРАБОТУВАЧКАТА

Освен што му ја украде славата во последниот круг на последната трка минатата сезона, холандскиот возач го стигна британскиот и според парите што ќе ги инкасира во рамките на следната натпреварувачка година.

Новиот шампион во Формула 1 ќе заработува исто колку и претходниот. Макс Ферстапен има плата од 55 милиони американски долари, што е израмнување со платата на Луис Хамилтон, кој е 7-кратен првак.

Кој ќе ја освои титулата во новата Ф1 сезона?