Фудбал

ТИМОТ НА РАГНИК СОЗДАВА НАЈМНОГУ ШАНСИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

Неодамна, еден од поранешните играчи на Манчестер Јунајтед изјави дека Ралф Рагник и Манчестер Јунајтед се подобри од Јурген Клоп и Ливерпул. Неговото име е Рио Фердинанд, а јавноста му се изнасмеа.

Но, бројките кои беа објавени последниве денови, а се однесуваат на креираните шанси на екипите во Прмиерлигата, за чудо, ја потврдуваат констатацијата на некогашниот беспрекорен дефанзивец:

Ниту една друга екипа во англиската елитна лига, нема создадено повеќе шанси за гол, од Манчестер Јунајтед, по назначувањето на германскиот стратег за кормилар – 160.

По имиња, тоа изгледа вака:

Создадени (и промашени) шанси:

Бруно 14 (6)
Погба 6
Роналдо 5 (13)
Кавани (5)

Што ќе изјавите на ова?