Кошарка

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД И КАЖА „ДА“ НА NBA

Проектот европска NBA лига очигледно зема на замав, а според претседателот на италијанската кошарка еден од тимовите кој рекол „да“ е и Манчестер Јунајтед, покрај еден тим од Рим.

Претседателот на Италијанската кошаркарска федерација потврди дека еден од учесниците во новото натпреварување ќе биде клуб од Рим, но и дека црвените ѓаволи ја прифатиле примамливата понуда.

Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, рече „да“ на оваа идеја, тогаш мора да има добра причина и добар проект, нели? Тоа е нова лига што ќе биде добра за системот, ќе донесе многу приходи и забава. Договорот предвидува дека учесниците ќе мора да играат и во своите домашни лиги. Тим од Рим во лигата? Секако. Постои опција поврзана со многу богат бизнисмен кој е заинтересиран.

Новото кошаркарско натпреварување на Стариот континент наскоро ќе стапи на сила, бидејќи NBA Европа предвидено е да започне во сезоната 2027/2028. Одредени играчи на Евролигата се двоумат дали да се преселат во натпреварување кое се заканува да го наруши монополот на елитниот караван во кој моментално учествуваат, а дел од клубовите жестоко се противат.

Главната причина се финансиите, или поточно потенцијалниот приход што би им го донело тоа. Познато е дека практично сите членови на Евролигата се соочуваат со големи финансиски загуби, поради скромните награди што ги нуди, додека од друга страна NBA доаѓа со „пакет“ многу поголем од оној што досега го заработуваат европските кошаркарски великани.