Фудбал

КОЈ РЕЗУЛТАТ НИ ОДГОВАРА НАЈМНОГУ ОД ДУЕЛОТ ПОМЕЃУ ЛИХТЕНШТАЈН И ВЕЛС?

Можеби нашите репрезентативци не играат викендов, но затоа очите на целата македонска јавност се вперени кон Вадуц каде што Лихтенштајн го пречекува Велс.

Многумина ќе речат „какво фајде“ имаме ние од тоа, но реалноста е дека математиката со голови може да ни излезе во пресрет и нам вечерва. Како? Многу лесно.

Доколку Велс го совлада Лихтенштајн со шест или повеќе гола разлика, тогаш нам за пласман во баражот преку групата ќе ни биде потребна победа во Кардиф.

Но доколку Велс не успее да го совлада Лихтенштајн со шест или повеќе разлика, тогаш и реми би ни било во игра на гостувањето во вторник.

Во прашање е „игра“ со гол разликата, која во моментов е на наша страна доколку имаме ист број на бодови со Велшаните.