ЈУНАЈТЕД БЕЗ РОНАЛДО ПРОТИВ ЛЕСТЕР
Објавено на: 02.04.2022
Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед нема да биде во комбинација за попладневниот дуел помеѓу Јунајтед и Лестер на Олд Трафорд.
Се очекува шпекулациите за негово несогласување со Рангник да добијат на „силина“ по натпреварот, но сепак според првичните најави станува збор настинка.
Така јавува Дејвид Орнстајн, новинарот на „Атлетик“ кој од блиску ги следу случувањата во црвената страна на Манчестер. Според него, Поругалецот ќе биде подготвен веќе од наредното коло, откако не ни настапил на последниот тренинг во Керингтон.
Отсуството на Роналдо се очекува да го пополни Санчо во комбинација со Рашфорд во шпицот на нападот.