Фудбал

ПРВИОТ ГОЛ НА ЕРИКСЕН ПО КАМБЕКОТ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Кристијан Ериксен се врати со погодок во Данската репрезентација, но и со погодок во Премиер лигата откако неговиот Брентфорд му нанесе изненадувачки тежок пораз на Челси од 1:4.

Со голот на Данецот, „стршлените“ успеаја да го свртат резултатот на Стемфорд Бриџ, а потоа и да постигнат уште два гола за конечни 1:4.

Ова беше првенец на Данецот по неговиот камбек во Премиер лигата, откако претходно си замина од Интер поради недозволување на италијанската федерација играчите да имаат уреди за работа на срцето.