Фудбал

СНАЈДЕР ЗАРАБОТИ БОГАТСТВО ОД ПРОДАЖБАТА НА ДРЕСОТ НА РАМОС ОД ФИНАЛЕТО НА СП 2010

Дресот што го носеше Шпанецот Серхио Рамос во финалето на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, после мечот заврши кај Весли Снајдер,  холандската легенда го чуваше дресот 16 години, а сега го стави на аукција и го продаде за не мала сума од 65.126 евра.

Аукцијата, одржана преку специјализираната платформа MatchWornShirt , ја потврди огромната вредност што можат да ја достигнат предметите поврзани со големи спортски достигнувања. Ова не е обичен дрес, Рамос го носеше во текот на сите 120 минути од финалето одиграно во Јоханесбург, а на грбот го имаше бројот 15, и Шпанија за прв пат беше крунисана како светски шампион.

Купувачот бил бразилски колекционер, кој на тој начин се стекнува со една од најважните реликвии во поновата историја на шпанскиот фудбал. Продажбата открива и еден впечатлив детаљ. Додека дресот на Серхио Рамос достигна цена од над 65.000 евра, дресот на Снајдер од истото финале едвај надмина цена од 5.000 евра кога првпат беше пуштен во продажба.

Ова не е прв пат Снајдер да стави на продажба сувенири кои ги собирал во текот на својата кариера.