Фудбал

ТОП 10 НАЈВРЕДНИ ИГРАЧИ КОИ НЕМА ДА ИГРААТ ВО КАТАР

Вчера во Доха беа извлечени групите за првата фаза на Светското првенство во Катар, кој на програмата ќе биде оваа година помеѓу 21 Ноември и 18 Декември.

За прв пат најголемиот планетарен турнир ќе се игра во Арапскиот свет, а многу мега-фудбалски ѕвезди нема да ја почувствуваат магијата на Светското првенство.

На врвот се наоѓа напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд кој со својата Норвешка нема да патува за Катар, а на листата има и тројца Италијанци кои поради Македонија нема да видат „ден“ во Катар.

1. Ерлинг Халанд (150 м евра)
2. Мохамед Салах (100 м евра)
3. Федерико Киеза (70 м евра)
4. Николо Барела (70 м евра)
5. Џиџи Донарума (65 м евра)
6. Милан Шкриниар (65 м евра)
7. Виктор Осимхен (60 м евра)
8. Алесандро Бастони (60 м евра)
9. Јан Облак (60 м евра)
10. Вилфред Ндиди (60 м евра)

Може ли овој тим со уште еден член додаден да конкурира за медал на СП?