УНИКАТНИОТ ПРИМЕР ЗА ПОБЕДНИК ВО ПРОФЕСИОНАЛНИОТ СПОРТ
Објавено на: 04.01.2022
Има еден спортски работник, кој е меѓу елитата во американската професионлана НФЛ лига, во која се поставуваат високи стандарди во спортот и каде се случуваат историски настани во спортот. Да се потсетиме дека финалето „Супербоул“ е најгледаниот спортски настан на планетава.
Ова е сторија за Мајк Томлин, единствениот тренер во историјата на НФЛ лигата, кој никогаш немал губитничка натпреварувачка сезона, односно секогаш во рамките на регуларниот дел од натпреварувањето, неговиот тим имал позитивен резултатски скор во остварувањето:
Mike Tomlin is incredible.
✅ 2007: 10-6
✅ 2008: 12-4
✅ 2009: 9-7
✅ 2010: 12-4
✅ 2011: 12-4
➖2012: 8-8
➖2013: 8-8
✅ 2014: 11-5
✅ 2015: 10-6
✅ 2016: 11-5
✅ 2017: 13-3
✅ 2018: 9-6-1
➖2019: 8-8
✅ 2020: 12-4
✅ 2021: 8-7-1 (one game left) pic.twitter.com/yFRK1lnkNK— B/R Gridiron (@brgridiron) January 4, 2022
Мајкл Томлин е роден на 15-ти март 1972-та година, моментално е тренер на Питсбург Стилерс. Почна како асистент за дефанзива и можеби тука лежи клучот на неговиот успех – нападот добива натпревари, одбраната добива титули. Од 2007-та, откако е прв тренер нема негативна сезона, има 9 плеј-оф учества, 7 дивизиски титули, а воедно е најмладиот тренер (36) со НФЛ титула.