МАРИ: ДРУГ НЕ БИ ДОБИЛ ДОЗВОЛА КАКО ЃОКОВИЌ
Објавено на: 04.01.2022
Најдобриот тенисер на светот и актуелниот шампион на Аустралиан опен ќе патува за Австралија без вакцина против Ковид-19. Иако е задолжителна за местото каде ќе се игра турнирот, сепак за него е направен исклучок, кој не би бил направен за другите, смета дел од тенискиот свет.
Џејми Мари, братот на Енди Мари вели дека за него не би имало исклучок, ако тој побарал да патува за Австралија без вакцина против Ковид-19:
Не знам како му успеа, но секоја му чест на Новак.
Според вас, требаше ли Новак Ѓоковиќ да добие дозвола да игра без вакцина на АУ опен, со специјална медицинска потврда, со оглед на неговиот стил на живот?
