Ракомет

КОЛКУ СМЕ ЗАДОВОЛНИ ОД КОНТРОЛИТЕ НА РАКОМЕТАРИТЕ?

Нашата А селекција предводена од капитенот-селектор Кирил Лазаров не го одигра последниот меч од контролните натпревари, но со позитивно салдо ќе замине за Унгарија каде ќе настапува на претстојното ракометно ЕП.

Вториот подготвителен дуел со Израел не го одигравме поради ковид, додека на првиот во Скопје победивме со 31:28, а претходно славевме на двата меча против репрезентацијата на Кувајт одиграни во тренинг кампот на Маврово.

На континенталниот собир, во групата А во Дебрецен отвораме против Словенија на 13-ти јануари, а потоа играме со Црна Гора на 15-ти и со Данска на 17-ти јануари. Прво и второпласираната селекцја, одат во втората рунда.