УКРАИНКАТА ЈА ПОБЕДИ РУСИНКАТА, РУСИНОТ ОСТАНУВА БРОЈ 1
Објавено на: 02.03.2022
Свитолина славеше против Потапова со 2:0 во сетови, на турнирот во Монтереј (Мексико) иако одбиваше да игра, се додека противничката не го смени знамето и не заигра под неутрално обележје. Потоа, победничката гордо го вееше знамето на Украина, која е нападната од Русија.
Руските тенисери, меѓу кои и Данил Медведев, исто така ќе мора да настапуваат под неутрално обележје. Сепак Русинот го задржа првото место на АТП листата и покрај разните санкции и суспензии со кои се соочуваат руските спортисти во сите меѓународни натпреварувања.
Праведно?