Фудбал

МИТРОВИЌ ИНСПИРАЦИЈА НАОЃАШЕ ВО БАЛОТЕЛИ?

Српскиот ас кој ги полни мрежите за Фулам, во рамките на втората лига во англискиот фудбалски поредок, многу скоро би можел да заигра со некогашниот свој идол, кој е повеќе познат по испадите во кариерата, отколку по фудбалското мајсторство.

Несомнено, Марио Балотели е еден од најголемите таленти во поновото фудбалско време, но неговото однесување беше причина за неговото назадување на големата сцена. Се најавува негово доаѓање во Фулам, ако екипата избори пласман во Пермиерлигата.

Митровиќ игра одлично, насловната фотографија е од 2014-та додека тој настапуваше за Андерлехт каде на 69 меча постигна 36 гола. Таа година, Балотели од Милан се префрли во Ливерпул. Можат ли овие двајца да играат заедно како напаѓачко дуо?