УЕФА САКА ДА ГИ УКИНЕ ПРОДОЛЖЕНИЈАТА ВО НОКАУТ-ФАЗАТА OД ЛШ
Објавено на: 06.02.2025
Европската фудбалска куќа по големата промена на форматот во клупските натпреварувања, планира да направи уште една измена во начинот на кој се одвиваат натпреварите во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.
Предлогот на УЕФА е да се укинат продолженијата, поточно дополнителни 30 минути доколку во 180 минути двомеч не се добие победник. Наместо да се играат дополнителни две полувремиња по 15 минути, екипите веднаш би изведувале пенал-рулет.
Причината за овој предлог е да им се угоди на најголемите клубови на Стариот континент со цел да се избегне дополнителен замор на фудбалерите, кои изминативе неколку сезони се жалат на густ распоред и премногу натпревари во текот на една сезона.
Доколку се усвои предлогот, би се имплементирал почнувајќи од сезоната 2026/2027.