НЕЈМАР ДЕБИТИРАШЕ ЗА САНТОС, ПА ЦЕЛ ПРОТИВНИЧКИ ТИМ СЕ СЛИКАШЕ СО НЕГО (ВИДЕО)
Објавено на: 06.02.2025
Нејмар ноќеска го забележа своето второ деби во дресот на Сантос, 12 години откако го напушти матичниот клуб и се пресели во Европа.
Го одигра целото второ полувреме во ремито од 1-1 против Ботафого на домашен терен, меч кој се одигра во рамките од 7-то коло од бразилскиот шампионат.
Колку е Нејмар голем во татковината, покажува ситуацијата по крајот на натпреварот, кога сите играчи од противничкиот тим се наредија и побараа да се фотографираат со рекордерот по голови на Кариоките.
The Botafogo SP players all wanting photos with Neymar after the match 🤣 pic.twitter.com/o10JvdjqET
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) February 6, 2025
Mожеби не ги достигна височините кои се очекуваа од него во периодот кога играше за Барселона и ПСЖ на Стариот континент, но Нејмар несомнено го достигна статусот на спортска легенда во татковината.