Кошарка

ТСАИ И ИРВИНГ ПОВТОРНО ВО НЕСОГЛАСУВАЊА

Сопственикот на Бруклин Нетс и контроверзниот играч Кајри Ирвинг повторно се закачија, овој пат за книгата и филмот кои ги промовира играчот на социјалните мрежи, а според газдата тие се со навредлива содржина, односно антисемитски.

Франшизата Бруклин Нетс строго ги осудува таквите содржини и нема толеранција за промоција на никаква форма на говор на омраза. Веруваме дека во вакви ситуации, нашата прва акција треба да биде отворен и искрен дијалог. Им благодариме на сите кои изразуваат поддршка за нашите верувања. – стои во соопштението на Бруклин Нетс.

Магазинот Rolling Stone информира дека филмот “Hebrews to Negros: Wake Up Black America” за кој Кајри Ирвинг шернал линк, е базиран на антисемитска книга. Филмот е направен 2018-та, а книгата е напишана 2015-та. Двете содржини се оценети како навредливи за еврејската заедница.