Фудбал

ОВОЈ ДЕ БРУЈНЕ Е ХИРУРГ И ДОКТОР НА НАУКИ

Белгискиот репрезентативец е оската на играта на екипата на Пеп Гвардиола, без него на теренот Манчестер Сити не е ист. Тоа беше покажано и против Лестер.

Кевин де Брујне постигна спектакуларен гол од слободен удар, за победа на Манчестер Сити во 49-та минута:

Со овој погодок, де Брујне има три гола од стартот на сезоната, зачинети со 9 асистенции. Манчестер Сити останува во трка за одбрана на титулата.