Фудбал

ХАОС ВО РЕАЛ ШТО МОРАШЕ ДА ГО СТИШУВА ПР ТИМОТ НА МБАПЕ

Криза во Реал Мадрид достигнува ново ниво, а во центарот на вниманието е Килијан Мбапе.

По серијата лоши резултати и елиминацијата од Лига на шампиони, атмосферата во соблекувалната е далеку од идеална. Шпанските медиуми веќе подолго време пишуваат за нарушени односи меѓу Мбапе и дел од соиграчите, кои наводно не се задоволни од неговиот пристап и улогата во тимот.

Ситуацијата дополнително се вжештила откако Французинот, додека се опоравуваше од повреда, замина на краток одмор на Сардинија, потег што не бил добро прифатен од дел од тимот, иако бил одобрен од клубот.

Во меѓувреме, сè погласни се шпекулациите дека соблекувалната како лидер повеќе го гледа Винисиус Жуниор, што дополнително ја подгрева приказната.

По сите овие наводи, се огласија и од ПР тимот на Мбапе, кои ги демантираа тврдењата:

Критиките се базирани на погрешно толкување на настаните и неговиот процес на опоравување. Тој се води исклучиво од одлуките на клубот и овие приказни не ја отсликуваат неговата посветеност.

Сепак, незадоволството меѓу дел од навивачите расте, а ситуацијата дополнително ја искомплицира и реакцијата на Карим Бензема, кој индиректно застана зад Винисиус.